Активности во скопските општини

Во текот на вчерашниот и денешниот ден се врши темелно чистење на Хром. Службите на општина Ѓорче Петров во рамки на оваа акција, работат и на косење на површините каде има потреба од интервенција.

 

 

Општина Ѓорче Петров одјави јавен повик за давање на користење на објектите за спорт, сопственост на Општина Ѓорче Петров. Барањето се поднесува најдоцна до 17-ти јули. На користење се даваат спортски сали, училишни  сали, фудбалски стадиони и тениски терени.

 

Во ноќните часови на територијата на Општина Петровец се изврши теристрично  запрашување против комарци со специјализирана екипа од Центарот за јавно здравје - Скопје.Вакви активности се вршат секоја година во овој период од годината се со цел намалување и уништување на поголемиот број на комарци.

 

Градоначалникот на Аерором на средбата со жителите на Долно Лисиче разговараа за проблемите со кои се соочуваат, особено во однос на инфраструктурата и за реконструкција на регионалниот пат Јурумлери – Драчево. Од општината информираат дека продолжуваат да работат на останатите инфраструктурни зафати на улицата и околните краци.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.