ЈП Улици и патишта прво ги забетонира, па ги ослободи дрвата во Карпош

 

На социјалните мрежи утринава се појавија фотографии од забетонирани дрва, проследени со реакции на граѓани.

Станува збор за реконструкција на велосипедската патека на булеварот 8 септември, при што, поради несовесно работење на работниците, дрвата покрај патеката беа целосно забетонирани. По реакцијата на граѓаните, екипите на ЈП Улици и патишта повторно излегоа на терен, и се обидоа да ја поправат направената штета.

Раководителот на градски инспекторат денеска информираше дека штетата ќе биде санирана, а дрвата ќе бидат вратени во првобитната состојба.

 

 

Со соопштение се јавија и од Град Скопје. Од таму велат дека вчерашната слика не била од финалниот изглед на патеката.



Ве информираме дека објавените фотографии се направени во текот на изведбата на патеката и не го претставуваат финалниот изглед на теренот“ велат од таму, не потврдувајќи дали таква е процедурата на работа, или е направен пропуст при изведбата на велосипедската патека.



 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.