Скопјани бесплатно ќе можат да го одлагаат кабастиот отпад, а ќе бидат санкционирани доколку го одлагаат во контејнери

Граѓание на Скопје од денеска кабастиот отпад ќе може бесплатно, со сопствен превоз, да го одлагаат во Центрите за селекциј ана отпад во Карпош, Вардариште и во претоварната станица во Шуто Оризари, а доколку кабастиот отпад го одлагаат во контејнерите кои се наменети за комунален отпад ќе бидат санкционирани од инспекциските служби.

 

Ова денеска го најави директорот на ЈП ,,Комунална хигиена,, кој апелираше да се почитуваат термините за одлагање комунален отпад и рече дека центрите за селекција и претоварната служба каде што може граѓаните да го одложат кабастиот отпад (стар мебел, електрични и електронски апарати) ќе работи во од 7:00 до 19:00 часот, а постои можност и со специјално возило на комунална отпадот да биде транспортитан, а оваа услуга граѓаните може да ја добијат на бесплатната линија 0800 222 33.

 

Раководителот на Инспекторат на Град Скопје Мирослав Богдановски информираше дека е бидат зголемени инспекциските контроли а за таа цел се во координација со општинските инспекторати, со кои заедно ќе работат на црните точки во градот каде што се создава отпад, а на располагање ќе имаат и два дрона со кои секојдневно ќе се следи состојбата на терен.

 

На прашање за отпадот на Клинички центар, директорот на Комунална хигиена Шабани рече дека досега неколку пати е чистен од нивна страна доброволно, иако немаат обврска тие да го чистат просторот, туку само да ги празнат контејнерите кои се поставени во кругот на клинички, за што Клинички на Комунална хигиена и должи 30 милиони денари.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.