All for Joomla All for Webmasters

Втор ден протест на такси возачите на Бит Пазар

Самостојните такси возачи од Скопје втор ден денеска ја блокираат крстосницата меѓу Трговскиот центар Мавровка и судовите со барање да им се овозможи користење на дел од старата такси постојка на Бит Пазар. 

Таксистите во разговор за МИА, најавија дека денеска ќе ја блокираат крстосницата се до 16:30 часот доколку не се оствари средба или не добијат некаков одговор од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

- Станува збор за само три такси возила кои би ја користеле старата постојка, велат таксистите и ја демантираа вчерашната изјава од градот дека ќе им пречат на стопанствениците во околината и на граѓаните.

Повторија дека новата постојка е во ред, меѓутоа сметаат дека со ротација на трите возила на старата ќе се зголеми фреквенцијата на пазарот и ќе им се олесни на такси корисниците. Додаваат дека со колоната што се прави на новата постојка се блокира сообраќајот, бидејќи 30 возила ја користат таа такси станица. 

Тие најавија дека ќе продолжат да ја блокираат оваа крстосница се додека Градот не се изјасни за нивните барања.

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.