Град Скопје ќе донираа пајак возила на Охрид и Штип

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“, во насока на зголемување на соработката на општините Охрид и Штип, ќе донираат движен имот - специјално возило „пајак“, информираат од градот.

Донацијата за Општина Охрид се состои од движен имот - специјално товарно возило со дигалка „пајак“, марка Мерцедес произведено во 1991 година, со хидраулична телескопска дигалка марка Вестроспрем од 2009 година.

Донацијата за Општина Штип, ќе биде наменета за Јавно претпријатие за одржување на улици и патишта и други комунално-услужни дејности СТИПИОН 2011 Штип и истата се состои од движен имот - специјално товарно возило со дигалка „пајак“, марка Ивеко Отојол произведено 1996 година.

Донацијата за двете општини е усвоена од страна на Управниот одбор на ЈП „Градски паркинг“ и истата за да биде финализирана треба да биде потврдена од страна на Советот на Град Скопје и истата ќе биде на дневниот ред на наредната седница.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.