Се уште во тек јавниот повик за субвенци за адаптирани велосипеди

Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека во е тек јавниот повик за субвенции за адаптирани велосипеди за лица со телесна инвалидност.

Повикот ќе трае до 31 август оваа година или како што информираат од Град Скопје до исцрпување на средствата. Инаку за оваа намена Градот Скопје ќе субвенционира 50% од вредноста на адаптираниот велосипед, но не повеќе од 90.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. За оваа намена од Буџетот на Град Скопје се предвидени еден милион денари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.