Се поставува пораката од Јоси Броз-Тито на Музејот на град Скопје

 „Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме со помошта на целата заедница. Тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност." - ова се зборовите на претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито после земјотресот во 1963 година.

 

Оваа порака долго време  беше сведок на историската солидарност што Скопје ја доби од светот по разорниот земјотрес и беше препознатлив нераскинлив дел од Музејот и градското јадро. Натписот кој беше тргнат од вчера повторно се враќа на местото наде што стоеше. Почна обновување на ѕидот каде што повторно ќе бидат поставени нови букви кои се направени од тврдо пресуван стиропор и ја имаат првобитната жолто-златеста боја како и автентичните букви кои стоеја до 2001 година. Овој настан симболично наречен ‘Солидарноста се враќа дома’, ќе биде проследен со активности во Музејот на град Скопје“ на 23 јули со што ќе започне и одбележувањето на 55 годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Директорката На Мизејот на град Скопје Фросина Зафировска рече дека текстот е познат цитат и во тој текст се одразува вербата дека Скопје е уништено, но повторно ќе се изгради со помошта на сите.

Одбележувањето на 55 годишнината од разурнувањето на Скопје од катастрофалниот земјотрес оваа година ќе се одбележува на повеќе локации со дваесетина настани нив градот. Старата железничка станица, а сега Музеј на Град Скопје е симбол на катастрофата, затоа и до ден денес часовникот кој е поставен на предната страна од објектот е стопиран на кобните утрински часови.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.