На точак: Треба да се применуваат нови стандарди при реконструкција на булевари

Нам навистина и очајно ни требаат вистински нови стандарди, мултимодално планирање, превртување на сообраќајната пирамида, ставање предност на луѓето пред автомобилите, ова се барањата кои се наведени во реакцијата на граѓанската иницијатива На точак кои ја објавија на социјалните мрежи, а за овие забелешки, како што наведуваат, комуницираат и со Град Скопје, но сакаат и јавноста да биде запознаена.

 

Тие оваа реакција ја упатија откако беше објавена реконструкцијата на бул. Партизанси одреди кај Порта Влае. Според нив промената на асфалтот не смее да се смета за реконструкција доколку сообраќајното решение не се унапредува, тоа едноставно спаѓа во одржување на постојната состојба, а секое посериозно реновирање бидејќи се прави ретко и чини многу пари треба да се искористи да се подобри и решението.

 

Новите стандарди кои ги очекуваат при реконструкција на скопските булевари се:

 

-стеснување на коловозните ленти од 3.5m, чија што широчина одговара на проектна брзина од 90 km/h, на ленти широки 3m, широчина која одговара на проектна брзина од 50 km/h, со цел поголема безбедност во сообраќајот и подобра распределба на уличниот простор, со што ќе се добијат пошироки тротоари, велосипедски патеки или зелени зони.

 

- воведување специјални автобуски ленти со цел зголемување на брзината на јавниот превоз во скопскиот метеж.

 

-подобрување на условите за возење велосипед и пешачење.

 

-забрана за паркирање возила во пешачката зона и во зелени површини, како и обновување на уништените зелени површини.

 

-заобиколување на автобуските постојки од велосипедските патеки наместо велосипедистите да минуваат низ патниците. Од иницијативата исто така очекуваат да се воведат што повеќе пешачки премини на локации од интерес за граѓаните со цел поттикнување на пешачењето и со цел демотивирање на нелегално преминување и поголема безбедност.

 

-И за крај да се внимава на просторот и да се гледа од позиција на пешак, велосипедист или  човек во инвалидска количка кога ги искачува високите рабници.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.