Поскапува паркингот за вработените во Клинички центар Мајка Тереза

Наместо 300 денари, вработените на Клинички центар Мајка Тереза за паркинг ќе плаќаат 800 денари месечна карта.

 

Советниците на Советот на Град Скопје денеска по жестока дебата дадоа зелено светло за новата цена на паркингот кој го користат вработените на Клинички. Според градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ваквата одлука е донесена со цел да се намали присуството на автомобили и регулирање на сообраќајниот хаос во Клинички.

 

Градоначалникот Шилегов додаде дека со преголемото присуство на автомобили во Клинички се зафаќаат паркинг местата за пациентите, со оваа одлука ќе се ослободи просторот.

 

За пациентите или корисниците на услугите на ЈП „Градски паркинг“ на Клиничкиот центар цената останува иста.

 

Градот Скопје сериозно инвестираше во Клиничкиот центар во текот на минатата година преку одржување на хигиената, средување на зеленилото и санирање на дупките, а Градот планира да инвестира и во изградба на монтажен паркинг на местото каде што пред 6 години беше ископана дупка за нов клинички која сега е пополнета.

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.