Дино парк ќе се гради во Зоолошка градина

Скопската Зоолошка градина најавува уште еден новитет.

 

Станува збор за Дино парк, за кој во моментов се работи проектот.

 

Информацијата на социјалните мрежи ја соопшти раководството на зоолошката градина, а ние со цел да добиеме повеќе информации се обративме до портпаролот на зоолошката градина, Тина Мицковска, која што ни потврди дека се преговори околу изведбата на паркот, како и со потенцијални спонзори кои ќе го потпомогнат проектот, вклучително и градот Скопје.

 

Очекувањата се дека од пролет наредната година ќе почне реализацијата на Дино паркот, во кој ќе има 50 диносауруси во природна големина кои испуштаат крици и се движат.

 

Вакви слични тематски Јура паркови има во големите светски и европски метрополи. Во наша близина ги има во Белград и на Златибор – соседна Србија, како и во Словенија. Дино паркот, не само што ќе претставува атракција, туку ќе биде и едукативен центар за најголемите животни кои некогаш постоеле на планетата – вели Мицковска.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.