До крајот на неделата ќе бидат пуштени фонтаните во Скопје

По бројните реакции од граѓаните конечно до крајот на неделата фонтаните во главниот град ќе бидат пуштени во употреба.

 

Како што изјавија за 1-ва скопска од ЈП ,,Водовод и канализација” до крајот на оваа недела ќе бидат пуштени во употреба фонтаните кои не се оштетени и оние кои имаат мали дефекти кои екипите на претпријатието ќе можат да ги санираат. За другите фонтани кои имаат поголем дефект се чека да заврши тендерот за да се избере фирмата изведувач која ќе ги санира оштетените делови. Како што информираат од претпријатието овој тендер се очекува да заврши за две недели, дефектите ќе се санираат а Водовод ќе ги пушти и овие фонтани во употреба. Инаку во Скопје има повеќе атрактивни фонтани кои привлекуваат погледи кај граѓаните и туристите.

 

Една од поатрактивните фонтани во главниот град е фонтаната Џампинг џет  која се наоѓа на просторот меѓу фонтаната „Воин на коњ“ и влезот кон  Камениот мост. Оваа фонтана официјално беше пуштен во употреба во 2015 година и претставуваше вистинска атракција особено за децата.

Претходно одржувањето на фонтаните беше под надлежност на Град Скопје, но со Одлуката за отстапување на чување, одржување, заштита и користење на фонтани, донесена од страна на Советот на Град Скопје на својата 14 седница која се одржа во јуни 2018 година, надлежноста за одржувањето на фонтаните во централното градско подрачје се префрлени на ЈП „Водовод и канализација“.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.