Ѓубрето скопјани го фрлаат на улица, иако во метрополата има 4.100 надземни и 100 подземни контејнери

 

Во Скопје има 100 подземни и 4.100 надземни контејнери, но ѓубрето сепак се фрла на улица.

 

Иако ЈП Комунална хигиена тврди дека садовите за отпад редовно се празнат, забележително е дека преполните контејнери се редовна слика на македонската метропола.

 

За разлика од високоразвиение европски земји, каде што и свеста на населението е високо развиена, во Македонија се уште се зборува за важноста и потребата од рециклирањето, па дури се уште се апелира до граѓаните, ѓубрето да го фрлаат во соодветни контејнери. За жал, иако живееме во модерно општество, и речиси и да нема човек кој барем на неколку дена, не ја напуштил државава, и видел како се живее во големите европски и светски градови, по враќањето дома, си продолжува со старите навики.

 

Пред само неколку месеци, бевме сведоци на еколошка катастрофа која му се случи на студентскиот дом Пелагонија во Кисела Вода, како резултат на несовесното однесување на студентите, идни академски граѓани.

 

Расфран отпад, и покрај многубројните апели од ЈП Комунална хигиена, се забележува насекаде, а многу често граѓаните мака мачат да го погодат контејнерот, па ѓубрето завршува околу контејнерите, создавајќи мини депонии на секој чекор.

 

Се обративме и до ЈП Комунална хигиена, од каде што велат дека динамиката на собирање отпад е за пофалба, а како пример ни посочија неколку европски градови во кои за разлика од кај нас, отпадот се собира два пати неделно.

 

 

Од друга страна, граѓаните се жалат дека во Скопје недостасуваат повеќе садови за одлагање на отпад. Неколку наши соговорници велат дека и покрај изградбата на нови згради, во нивната населба, бројот на контејнери останал непроменет, па токму затоа и се преполнуваат за само неколку часа. Но, од Комунална хигиена го тврдат спротивното.

 

 

Без оглед на динамиката на собирање на отпадот од контејнерите, ѓубре во Скопје ќе има на секој чекор се додека не почнат граѓаните да се однесуваат во согласност со нормите и правила на урбаното живеење.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.