Летен саем на книга од денеска до 12 јуни

Во „Рамстор мол“ од денеска почнува летен саем на книга кој се организира во соработка со Македонската асоцијација на издавачи.

 

Летниот саем на книга ќе трае до 12 јуни, а ќе учествуваат неколку издавачки куќи и книжарници (ТРИ, Просветно дело, Литература МК, Култура, Икона, Ѓурѓа, Сакам книги, Полица, Топер, Антолог, Едука Мак) и ќе бидат понудени повеќе од илјада наслови по намалени саемски цени.

 

Според претседателот на МАИ, Бојан Саздов, оваа година летниот саем на книга ќе биде и  интерактивен со секојдневно дружење на писатетлите и авторите.

 

Целта е да се доближи книгата до читателите. Токму затоа оваа година издавачите подготвија уште поатрактивна саемска понуда, збогатена со многу настани, како средби со автори и потпишувања.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.