На Водно в недела натпревар по Прва помош

Црвен крст на град Скопје во рамките на своите програмски активности на одделот за Прва помош со цел промоција и подигање на свеста кај младата популација за значењето на првата помош во секојдневниот живот, организира Градски натпревар по Прва помош, категорија подмладок. 

 

Како што информираат од Црвениот крст, натпреварот ќе се оддржи в недела  на 9 јуни на Водно со почеток во 10 часот, а планирано е  да заврши во 14 часот. На натпреварот ќе земат учество повеќе од 200 учесници, ученици од Основните училишта на територија на град Скопје, стручна служба, судии, манекени, шминкери на повреди, волонтери.

 

Од Црвениот крст додаваат дека унапредувањето на здравјето и безбедниот живот на луѓето како и првата помош, завземат централно место во организација преку кој се гради издржан систем за привлекување и оспособување на волонтери.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.