Утре без вода корисниците од „Мито Хаџивасилев Јасмин" и бул.„Борис Трајковски"

Без вода утре од 15:15 часот ќе бидат корисниците во потегот од ул. „Mито Хаџивасилев Јасмин", објектите на Тутунска Банка, Рамстор и Музеј на Град Скопје.

 

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради уличен дефект Ф-100мм на „Mито Хаџивасилев Јасмин", од предната страна од населба Центар.

 

Од 08:30 часот утре ќе имаат прекинување во водоснабдување и корисниците од нас.11-ти Октомври.

 

Прекинот е поради водоводен приклучок од ф-200мм на бул.„Борис Трајковски" бб.

 

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.