Потпишан договор за проектирање на тунелите под Кале

Денеска во Град Скопје се потпиша договорот за изработка на основен и инфраструктурен проект за измена и дополнување на инфраструктура за сообраќајно решение кое со мост во центарот на градот, тунели под скопското Кале  и кружен тек ќе ги поврзува булевар Свети Климент Охридски со булеварите Никола Карев и Македонско-Косовска бригада.

 

Со инфраструктурниот проект се опфатени трите фази за изведба на сообраќајницата во фази, и тоа:

 

- I фаза – изградба на булевар Свети Климент Охридски од пред раскрсницата со булеварот Илинден со изградба на мост и вијадукт до тунелот;

-  II фаза – изградба на тунелот под Кале;

- III фаза – булевар Свети Климент Охридски и раскрсница со булевар Никола Карев и булевар македонско – Косовска бригада, со денивелиран кружен тек

 

Согласно договорот, Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов очекува изработката на основниот и инфраструктурниот проект да заврши до крајот на оваа година, а во текот на следната година да се почне и реализацијата на овој клучен сообраќаен проект кој ќе овозможи од  Водњанска до Чаир со автомобил да се стигнаува за помалку од 5 минути.

 

Шилегов додаде дека очекува за реализацијата на овој проект Градот Скопје да добие и финансиска поддршка од централната власт со цел изградбата на мостот, тунелите и кружниот тек да завршат во најкраток можен рок. Со ваквите сообраќајни решенија се зголемува мобилноста и се намалува сообраќајниот метеж, а со тоа се скратува времето на движење на возилата и се намалува времето на стоење во место, што директно влијае на намалувањето на аерозагадувањето и зголемувањето на безбедноста во сообраќајот.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.