Граѓаните се револтирани од лошата услуга на ЈСП

Многу често се случува граѓаните да се пожалат од лошата услуга во јавниот превоз. Во летниот период ЈСП има редуцран возен ред, поради летнот распуст на учениците. Од таа причина, секој автобус е полн со патници и тоа на температура над 30 степени.

 

Многу луѓе чекаат на постојите, а во автобусите е голема гужва.

 

Од ЈСП велат дека ова не е новина и дека секое лето е така, а плус причина за дополнителна гужва во автобусите е тоа што градот постојано се шири. 

 

Покрај гужвите граѓаните се жалат и на проблемот со климата во автобусите. Во некои автобуси воопшто нема клима, а во некои има, но возачите не ги пуштаат, бидејќи така штедат на гориво. И покрај целата таа агонија, редовно се случува и да се расипе по некој од автобусите, па патниците да се најдат на сред пат. 

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.