Отворена изложбата „Живот во бои“ на Андријана Мациев, во Домот на култура „Илинден“

„Живот во бои“

Ликовната уметничка Андријана Мациев денеска ја отвори својата петнаесетта самостојна изложба, во Домот на култура во Илинден. Изложбата насловена Живот во бои, ќе биде поставена до крајот на мај.

Домот на култура во општина Илинден денеска ги отвори вратите за посетителите на самостојната изложба на ликовната уметнничка Андријана Мациев. Изложбата „Живот во бои“ ќе биде поставена до крајот на мај, со цел да ја погледнат сите љубители на уметноста. Мотив на денешната изложба е претставување на колоритот и енергијата која ја даваат боите, а инспирацијата, како што рече ја црпи од позитивните случувања во секојдневниот живот.

 

Ова е петнаесетта самостојна изложба на Андријана, но настапувала и на групни изложби и колонии во многу градови во земјава и странство. Како позначајни ги издвои изложбите во Македонскиот културен центар во Софија, во Белград, во САД, но и во градовите во Македонија, Скопје, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, и други.

 

Андријана Мациев дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Добитник е на повеќе награди.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.