Промовирани книги на двајца млади автори-ученици во ООУ „Гоце Делчев“, во Општина Илинден

Промовирани две книги на млади автори

Во присуство на голем број ученици, наставници, родители и гости во Домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден, беа промовирани две книги на двајца млади автори-ученици во ООУ „Гоце Делчев“. Станува збор за стихозбирката „Помеѓу минатото и сегашноста“ на Стефанија Мирковска, ученичка во осмо одделение и збирката раскази „Приказни зад аголот“ на Матеј Спасовски, ученик во седмо одделение.


Книгите ги промовираше Марта Марковска, а присутните имаа можност да слушнат извадоци од новите дела во изведба на самите автори.


Стефанија Мирковска и Матеј Спасовски учествуваа на конкурсот за необјавена книга поезија и проза распишан од Здружението за наука и култура „Нова“-Битола, при што Мирковска ја доби наградата Поетска гравитација за млад автор, а Матеј Спасовски наградата Прозна гравитација за млад автор.


Наградите ќе им бидат доделени на меѓународниот поетски фестивал „Поетски синтези“ што ќе се одржи овој месец во Битола.

 

На Стефанија Мирковска ова и е втора книга. Минатата година таа го издаде романот „Животот е роман“.


Во изминатите две години петмина ученици од ООУ „Гоце Делчев“ издадоа 6 свои книги, што претставува успех со кој можат да се пофалат малку училишта во нашата земја.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.