Крводарителна акција во Илинден, по повод Денот на општината

Крводарителна акција во Илинден

Жителите од општина Илинден уште еднаш ја покажаа својата хуманист на дело со дарување на крв на денешната крводариелна акција која се одржа во просториите на Домот на културата во општина Илинден во соработка со Црвениот крст на РМ и Институтот за трансфузиона медицина.

 

По повод Денот на општина Илинден денеска се одржа крводарителна акција во Домот на културата во соработка со Црвениот крст на Република Македонија и Институтот за трансфузиона медицина. Голем број крводарители, жители на општина Илинден, на дело ја покажаа својата хуманост, дарувајќи ја драгоцената течност што значи живот. Дарителите во просториите на Домот на културата имаа можност да даруваат крв во периодот од 9 до 14 часот, а до пладне беа собрани околу 20 единици крв, а до крајот на акцијата се очекуваа околу 50 дарители.


Кесите со собраната крв ќе бидат предадени на Институтот за трансфузиона медицина и ќе ја добијат оние кои имаат најмногу потреба од неа. На овој начин со спроведување на акција за дарување на крв, граѓаните на општина Илинден уште еднаш ја потврдија својата хуманост за спасување на нечииј живот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.