Општина Илинден денеска го одбележува својот патронен празник "Илинден 2-ри Август,,

Општина Илинден

Со настап на повеќе реномирани македонски музичари Општина Илинден вечерва го одбележува својот патронен празник.

 

Вечерва во амфитеатарот на Домот на култура ,,Илинден,, во населба Илинден, на свечен начин се одбележува патрониот празник на Општина Илинден "Илинден 2-ри Август,, и националниот празник на македонскиот народ. Одбележувањето на Денот на Општината е збогатено со настап на реномираните македонски музичари: Драган Даутовски, Скопски дувачки квинтет на Васил Атанасов и Пламенка Трајковска, кои ќе се претстават со повеќе инструментални композиции во кои преовладуваат традиционални изворни фолклорни ноти. По повод патрониот празник во галеријата на Домот на култура ,,Илинден,, поставена е изложба на академскиот сликар Новица Трајковски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.