Одбележан првиот училишен ден во основните училишта во Општина Илинден

Општина Илинден

Денеска свечено беше одбележан првиот училишен ден во сите централни и подрачни основни училишта во Општина Илинден. Вкупно 200 првачиња ја започнаа новата учебна година во училиштата во о.Илинден, а во средното училиште наставата започна за вкупно 260 ученици.

 

Денеска свечено беше одбележан стартот на новата учебна година во сите основни училишта во Општина Илинден. Училиштата ги посети градоначалникот Жика Стојановски.


Во основните училишта беа приредени свечени манифестации за прием на првооделенчињата, а исто така на првиот училишен час, градоначалникот Жика Стојановски им посака добредојде на 200 првачиња колку што годинава се запишаа во трите централни и петте подрачни основни училишта во Општина Илинден. За време на средбата, на сите првоодделенци градоначалникот Стојановски им подели пригодни подароци кои се состоеа од училишен прибор потребен на првачињата.

 

Во сите основни училишта има вкупно 2000 деца. Новата учебна година започна и за новата генерација ученици во Средното општинско стручно училиште Илинден, каде има вкупно 260 ученици.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.