Осветен крстот на новата црква во градба "Свети Константин и Елена", во Илинден

Црква "Свети Константин и Елена"

Во присуство на голем број верници, во Општина Илинден на свечен начин беше осветен крстот што ќе биде поставен на новата црква што е во градба, "Свети Константин и Елена". Осветувањето го изврши Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.


Новата црква со површина од 400 метри квадратни и височина од 22 м, почна да се гради во јуни 2012 година, на местото на старата црква "Свети Константин и Елена" која што била изградена некаде на почетокот на 20 век.


Олтарот и иконостасот од старата црква која е урната, времено се пренесени во црковната трпезарија каде што се извршуваат сите верски обреди се додека не се изгради новата црква.


Благодарејќи на собраните донаци од верниците досега е изградена карабината на овој храм кој се очекува да биде гордост на верниците од Илинден.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.