Поставен камен-темелник на 3 нови производствени погони на компанијата „Мултипром“, во Општина Илинден

Нови погони на „Мултипром“ во Илинден

Во локалната економска зона „Ограѓа“, во Општина Илинден, е поставен камен темелник на три нови производствени погони од по 2000 метри квадратни, на компанијата „Мултипром“. Со новата инвестиција на оваа компанија што се занимава со производство на кондиторски производи, според инвеститорите, се планира да бидат отворени нови 100 до 150 слободни работни места.


„Мултипром“ во која денес има над 300 вработени е формирана во 1991 година, а од 2005 година стопанисува во Општина Илинден. Спопред сопствениците на компанијата, новите производствени погони треба да бидат готови идната година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.