Граѓаните учествуваат во креирањето на Буџетот на о. Илинден за 2018 година

Општина Илинден

Со цел поголема транспарентност и партиципативно граѓанско учество во процесот на буџетирање, се отпочна со работни буџетски форуми со граѓаните од населените места за дефинирање на Предлог-Буџетот на Општина Илинден за 2018 година.


Учесници на овие форуми се граѓаните, членовите на месните заедници, претставниците од бизнис секторот, претставниците на здруженијата на граѓани, членовите на Советот на Општината, како и општинската јавна администрација.


Со реализација на форумите што ќе се одржуваат во домовите на култура во сите 12 населени места ќе се утврдат и дефинираат приоритетни предлог-проекти и активности за работа за наредната година, согласно приходите на буџетот за 2018 година.


Вака подготвениот буџет за 2018 година, ќе биде предложен на усвојување до советниците на Советот на Општина Илинден од страна на градоначалникот, кој активно ќе се вклучи во работата на буџетските форуми. Пред почетокот на форумот градоначалникот на општината Жика Стојановски рече дека потребите се секогаш поголеми за разлика од буџетот предвиден за годината, но сепак ќе се најде начин и можности за реализација на приоритетните проекти.


Градоначалникот Стојановски додаде дека транспарентноста во креирањето на Буџетот за следната година, Општина Илинден ја практикува за да им излезе во пресрет на барањата и потребите на граѓаните, со единствена цел рамномерен развој на сите населени места и овозможување на квалитетни услови за живеење на сите граѓани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.