Асфалтиран дел од локалниот пат Кадино-клучка Автопат А-4 во општина Илинден

Кадино-клучка Автопат А-4

Во рамките на комплетната рехабилитација на локалниот пат н.м. Кадино-клучка Автопат А-4, во општина Илинден, извршено е асфалтирање на дел од патот во должина од 300 метри, информираат од општина Илинден.

Покрај поставувањето на нов асфалт, со цел зафаќање на атмосферските води од коловозот, формирани се нови канали за одведување на атмосферските води од двете страни на коловозот. Истовремено се поставени и цевкасти бетонски пропусти.


Со рехабилитацијата на овој фрекфентен патен правец се подобрува безбедноста во сообраќајот во овој дел од Општината, и се овозможува побрза и побезбедна комуникација.


Како што информираат од општина Илинден, безбедноста на учесниците во сообраќајот е еден од приоритетите во работењето на општина Илинден, поради што континуирано се инвестира во изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, како и во изградба и реконструкција на пешачки и велосипедски патеки.


- Со континуираната реализација на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, се дава голем придонес во рамномерниот развој и подобрувањето на квалитетот на живеење во општина Илинден, стои во соопштението од општина Илинден.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.