Учество на граѓаните во креирањето на Буџетот на Општина Илинден за 2018 година

Општина Илинден

Во организација на Општина Илинден, во Средното општинско стручно училиште „Илинден“ се одржа Буџетски форум на кој граѓаните преку посочување на приоритетните проекти во нивните населени места, имаа можност со своето партиципативно учество да придонесат во креирањето на Буџетот на општина Илинден за 2018 година.


Најголемиот дел од предложените над 60-на проекти и проектни активности беа од областа на патната инфраструктура, по што следуваа проектите од областа на здравственстата заштита и образованието.


Обраќајки се на Форумот, градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски изрази благодарност до присутните за нивното активно учество во дефинирањето на приоритетите на Буџетот за 2018 година, истакнувајќи го значењето на граѓанското учество во креирањето на Буџетот. Притоа, тој додаде дека организирањето на ваквите буџетски форуми во последните години, даваат резултати, што се гледа од фактот дека токму дефинираните приоритети од граѓаните се и приоритети за работа на Општината. Со ова, истакна Стојановски, локалната самоуправа точно знае каде се движи, кои се насоките и кои се приоритетите на граѓаните, за локален економски и одржлив развој на заедницата.


Транспарентноста во креирањето и носењето на Буџетот за секоја година, Општина Илинден ја практикува со организирање на граѓански форуми, со цел да им излезе во пресрет на барањата и потребите на граѓаните, со што ќе се овозможи и создавање на поквалитетни услови за живеење во сите населени места.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.