Форум за Локален економски развој на општина Илинден

Општина Илинден

Претставници на бизнис заедницата, на владините институции, невладините организации и претставници на локалната самоуправа во Општина Илинден денеска учествуваа на Форумот за локален економски развој на кој со своето активно партиципативно учество придонесуваат за одржлив економски и социјален развој на Општина Илинден.


Во Домот на култура ,,Илинден,, се одржа Форум за Локален економски развој на општина Илинден на кој беше извршена презентација на Стратешкиот план за Локален економски развој на Општина Илинден 2017-2021, а беа разгледани и можностите за реализирање на проекти од јавен интерес преку развивање и примена на концептот на општествена одговорност, во насока на создавање квалитетни услови за живеење, работење и унапредување на животната средина.


Форумот за Локален економски развој е формиран во 2005 година, по што беше изработен првиот Стратешки план за локален економски развој на Општина Илинден 2006-2011 година, а потоа и Стратешкиот план за локален економски развој на општина Илинден 2012-2016 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.