На Водици положување на крстот во езерото на хотелот Белви, во населба Илинден

Водици

Општина Илинден по повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во соработка со свештениците од црквата „Св. Константин и Елена“, ќе oрганизира положување на крстот во езерото на хотелот Белви, во  населба Илинден.


За таа цел општината ги повикува граѓаните на ден 19.01.2018 г. (петок) со почеток во 12:00 часот, да присуствуваат на оваа манифестација и заеднички да го одбележат овој голем ден за сите христијани.


Сите заинтересирани што сакаат да учествуваат во фаќањето на крстот можат да се пријават во просториите на црквата „Св. Константин и Елена“, во населба Илинден.


За најсреќниот учесник што ќе успее да го фати крстот, обезбедени се пригодни подароци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.