Филип Бошковски прв пат го фаќа крстот во езерото Белви во Илинден

Водици во Илинден

Помеѓу 60-тина учесници, Филип Бошковски за прв пат беше најсреќниот кој успеа да го фати крстот во водите на езерото во Белви во о.Илинден. Оваа манифестација во Илинден годинава се случува по 10-ти јубилеен пат.

 

По јубилеен 10-ти пат големиот христијански празник Водици беше одбележан и во о.Илинден, во соработка на општината со црквата Св. Константин и Елена. Во водите на езерото кај хотелот Белви точно напладне со посебен црковен обред беше фрлен симболот на среќата- крстот, по повод христијанскиот празник Водици, ден на кој според светото предание Св.Јован Крстител го крстил Исус Христос во водите на реката Јордан. Се смета дека најсреќниот верник, кој ќе го фати крстот, цела година ќе го следи среќа, здравје и благосостојба, а најсреќен оваа година во Илинден беше 18-годишниот Филип Бошковски од Кадино кој четврта година се фрла по крстот, а прв пат е најсреќен и успева да го фати крстот.


Најсреќниот оваа година од општината и Јавните претпријатија доби вредни награди, Градоначалникот на о.Илинден Жика Стојановски е задоволен од организацијата и смета дека оваа јубилејна 10-та манифестација е најпосетена досега и на сите им посака здравје, среќа и бериќет.


Како и минатите години така и оваа посетеноста на овој настан беше голема. По крстот оваа година се фрлија 60-ти учесници. За сите посетители кои беа присутни на оваа манифестација општината им обезбедни бесплатни топли пијалоци.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.