Тортијада "Слатка мистерија 2018" во општина Илинден

"Слатка мистерија 2018"

Општина Илинден утре во Домот на културата "Илинден" ќе биде домаќин и покровител на традиционалната 12-та по ред хуманитарна манифестација Тортијада "Слатка мистерија 2018", што се организира во соработка со Хуманитарната организација Ангелчиња.


Од општината информираат дека тортијадата на која ќе учествуваат аматери и професионалци слаткари, претставници на неколку општини, ќе се реализира во два дела-ревијален што ќе почне во 16:30 часот и официјален дел што ќе почне во 20 часот.


Во ревијалниот дел од 16:30 до 19 часот граѓаните ќе можат да ги разгледаат изложените торти и да гласаат според нив за најдобрата. Притоа, ќе можат да ја проследат културно-уметничката програма подготвена од учениците и децата од градинката од општина Илинден.


Во официјалниот дел што почнува во 20 часот ќе бидат избрани најдобрите торти во професионална и аматерска конкуренција, при што ќе се изврши лицитација на истите.


Средствата собрани од лицитацијата на тортите ќе бидат наменети за хуманитарното Здружение на граѓани и лица со хендикеп "Илинден", од општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.