Континуирано се одржува каналската мрежа во Општина Илинден

Каналска мрежа во Илинден

Во Општина Илинден континуирано се врши машинско и рачно чистење на отворените одводни канали што се наоѓаат на територија на општината во должина од 120 километри, а се дел од хидро мелиоративниот систем Скопско Поле. Чистењето на каналите се реализира во рамки на проектот на Општина Илинден - "Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали".

 

Од Општина Илинден информираат дека во н.м.Кадино извршено е машинско чистење на секундарен канал Азмак во должина од 1600 метри. Истовремено, со цел зафаќање на атмосферските води крај главната сообраќајница што води низ ова населено место комплетно е исчистена терцијална каналска мрежа во должина 2000 метри, при што во зависност од потребите се формирани и нови канали за одведување на атмосферските води, а се поставени и соодветни цевкасти пропусти. Со ова покрај обезбедувањето проточност на каналите, се заштитува инфраструктурата и се подобрува и безбедноста на сообраќајот во овој дел од Општината, со што се овозможува побрза и побезбедна комуникација, велат од Општината.


Исто така поради рамничарскиот терен на кој што се наоѓа општина Илинден, подложен на покачување на нивото на подземните води, локалната самоуправа интензивно и континуирано работи на одржување на главните, секундарните и терцијалните одводни канали со кои се овозможува непречен проток на атмосферските води и високите подземни води. Со оглед на редовното одржување, каналската мрежа во општина Илинден нормално функционира прифаќајки ги водите по обилните дождови во изминатите денови, кои што создадоа проблеми во повеќе делови од државата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.