Манифестација "Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение" во општина Илинден

Општина Илинден

Во Домот за култура во Општина Илинден, на 5-ти април, во четврток, по 12-ти пат ќе се одржи манифестацијата ,,Подарете книга за велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение". Станува збор за манифестација која ги обединува културата, уметноста и традицијата.


Како што информираат од Општина Илинден секој посетител на манифестацијата што ќе подари книга за возврат ќе добие црвено Велигденско јајце. Во чест на Двеилјадииосумнаесеттото лето Господово, симболично ќе бидат украсени 2018 Велигденски јајца.


Во изминатите единаесет години во рамките на оваа манифестација вкупно се собрани 32.000 книги наменети за Општинската библиотека Илинден, Општинската библиотека во домот на култура Марино и библиотеките во основните училишта.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.