Се одржа манифестацијата "Подари книга за Велигденско јајце" во о. Илинден

"Подари книга за Велигденско јајце"

Домот за култура Илинден беше преполн со убаво украсени црвени велигденски јајца, кои учениците ги подаруваа на секој што ќе донираше книга.

 

Манифестацијата ,,Подарете книга за велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение" во Општина Илинден се одржува 12 години по ред и ги обединува културата, уметноста и традицијата. Оваа година во чест на Двеилјадииосумнаесеттото лето Господово, симболично беа украсени 2018 Велигденски јајца.

 

Градоначалникот на Општината Жика Стојановски информираше дека манифестацијата од година во година станува се поголема а се зголемува и бројот на собрани книги кои се распределени во библиотеките низ Општината.


Градоначалникот Стојановски се заблагодари на сите посетители и досега на сите учесници на манифестацијата што оддвоиле време и подарија книга.


На денешната манифестација можеше да се забележи голема посетеност од ученици, писатели, поети, граѓани од бизнис секторот кои несебично подарија книги што понатаму ќе им користат на учениците од оваа Општина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.