Поставено ново улично осветлување во Миладиновци и Марино во о. Илинден

Ново улично осветлување во о. Илинден

Општина Илинден во рамките на проектот Подобрување и модернизација на јавното осветлување, продолжува со активностите за проширување и реконструкција на мрежата за јавно осветлување  во сите населени места.

 

Од Општина Илинден информираат дека изградена е нова линија за осветлување во должина од 600 метри на влезот во н.м. Миладиновци, односно на делови од улиците ,,2,, и ,,7,,, при што се поставени 10 канделабри со штедливи светилки. Нова линија во должина од 250 метри е изградена и во н.м. Марино, на улица ,,509,, при што се поставени 5 нови светилки. Од Илинден додаваат истовремено со овие активности, покрај инсталирањето на нови линии за улично осветлување се врши и докомплетирање на постојните линии, и се вршат интервенции за отстранување на оштетените сијалични места при што се вградуваат нови. Од почетокот на годината досега се заменети 140 стари со нови штедливи светилки.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.