Свечено одбележан 20 годишниот јубилеј на ЈКП „ Илинден“

20 годишен јубилеј на ЈКП „ Илинден“

Јавното комунално претпријатие на општина Илинден прослави 20 години постоење. Свечено, како што доликува на големиот јубилеј, во Домот на култура во општина Илинден, во присуство на вработените, директорот на претпријатието, и градоначалникот Жика Стојановски, кој воедно бил и прв директор и основач на ова претпријатие беа доделени и награди и благодарници на најлојалните работници, кои оваа година прославија 20 годишен јубилеј.


Директорот на претпријатието, Игор Филиповски истакна дека зголемувањето на бројот на вработени во претпријатието кое започнало со само 8 работници, а денеска бои 124 работници, претставува најголем успех на ЈКП Илинден.


Ако во минатото било предизвик да се воспостави ред во собирањето на отпадот, и обезбедувањето на чиста вода за пиење, во иднина предизвикот е поместен на сњелектирање на отпадот, и негова преработка, додава Филиповски.

 

Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски нагласи дека благодарение на добрата подготвеност на комуналното претпријатие, денес општина Илинден е најчиста општина во Македонија. Таква треба и да остане во иднина без разлика на се поголемиот број на жители кои се вистински предизвик за комуналните работници, додаде Стојановски.

 

Ј.К.П. “Илинден” е ангажирано за собирање, изнесување и депонирање на комунален отпад од населението и индустријата, одржување на јавната чистота, чистење на јавни површини, уредување на паркови, зеленило, парк-шуми, садење на ниска и висока вегетација, уредување и одржување на улици, сообраќајници и пешачки патеки, одржување на јавно осветлување, стопанисување со спортските објекти на територијата на општина Илинден, како и оџачарски услуги и управување и одржување на гробишта.


Денес ЈКП „Илинден“ располага со 12 комунални возила-камиони за собирање и транспортирање на смет, цистерни за фекална канализација и вода и други помошни комунални возила. Во возниот парк на ЈКП „Илинден“ се наоѓа и специјално возило за зимско одржување на улици што е од големо значење за безбедното одвивање на сообраќајот во зимски услови на локалните улици и патишта во сите 12 населени места.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.