Словенскиот амбасадор Милан Јазбец на литературната манифестација Илинден промовираше книга

Милан Јазбец

За големината на литературната манифестација Илинден, говорат и звучните имиња кои токму тука ги промовираат своите литературни дела. Еден од нив е и Словенскиот амбасадор во Република Македонија, Милан Јазбец кој во рамки на манифестацијата ја промовираше својата книга.........


Токму со амбасадорот позборувавме за неговите литературни почетоци, мотивот за пишувањето и инспирацијата.


Ни откри дека првата песна ја напишал на четиригодишна воздраст, а досега има напишано 40 книги, меѓу кои и научни трудови. А инспирација наоѓа во се.

 

Каква е поврзаноста помеѓу Милан Јазбец амбасадор и поет? Дали е возможно истовремено да се работат двете работи, и да се биде подеднакво успешен на двете полиња. Ни одговори потврдно, бидејќи и за двете работи потребно е да се користи моќта на зборовите.

 

Песните на Јазбец изобилуваат со љубовна и сентиментална тематика, која професорката Кристина Николовска мошне успешно ја пренесе до присутните.

 

Во рамки на културната манифестација денеска беше одржано и литературно матине за деца, на кое најдобрите творби на учениците од основните училишта во општина Илинден беа наградени со сет книги и статуетка. А литературни читања имаа голем број поети за деца. Дел од нив ја нагласија потребата од поголемо присуство на писателите за деца во основните училишта.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.