Со "Стихови за душата" одбележана 19-та Литературна манифестација "Илинден 2018"

Литературна манифестација "Илинден 2018"

Во стиховите на 26 реномирани автори од Македонија и балканските држави имаа можност да уживаат љубителите на поезијата во Општина Илинден на централниот настан од годинашната 19-та Литературна манифестација Илинден 2018 - поетскиот митинг ,,Стихови за душата,,.

 

Во Домот на култура Илинден, во Општина Илинден, се одржа централниот настан од годинешната 19-та Литературна манифестација Илинден 2018 - поетскиот митинг Стихови за душата. Љубителите на поезијата во Општина Илинден ја имаа привилегијата да уживаат во стиховите на 26 реномирани автори од Македонија и балканските држави, автори со богати творечки опуси чии дела имаат понесено многубројни награди. Градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски истакна дека Литертурната манифестација "Илинден" со својата оригиналност и автентичност зазема значајно место и остава силен белег во културата на Република Македонија и регионот. Цела недела додека трае литературната манифестација, во Општина Илинден се случува вистински празник на книгата, што всушност е и главна цел на оваа манифестација. Прв со своите стихови поетскиот митинг го отвори Ефтим Клетников кој изјави дека му претставува чест и задоволство што е дел од еден ваков голем поетски настан и една важна манифестација за македонското творештво, манифестација која од балканска станува интернационална.


Литературната манифестација ,,Илинден,, е само дел од активностите што Општина Илинден ги презема во насока на развој и негување на културните и образовни вредности. Оваа манифестација која е создадена пред 19 години, денес ја остварува својата цел - интензивирање и промовирање на современите културни достигнувања. На сите учесници во манифестацијата градоначалникот им додели признанија за особен придонес во афирмацијата на културниот развој на општина Илинден.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.