Конкурс за избор на најдобра фотографија со мотиви од општина Илинден

Конкурс за најдобра фотографија

Општина Илинден распиша Конкурс за избор на најдобра фотографија со мотиви од Општината. Испратените фотографии ќе бидат искористени за промоција на општина Илинден.

 

Конкурсот трае од денеска до 30.06.2018 година, а по завршувањето на рокот за пријавување, ќе се формира специјална жири комисија која ќе ги разгледа сите пристигнати фотографии и ќе ги одбере 30 најдобри, кои потоа ќе бидат поставени на официјалната Фејсбук фан-страница на oпштина Илинден, каде што ќе може да се гласа. Гласањето ќе трае 30 дена.


Според критериумите на Конкурсот, секој учесник може да конкурира со максимум 5 фотографии, а ќе се оценуваат фотографии снимени само на територија на oпштина Илинден, како панорамски фотографии, знаменитости, економски зони, инфраструктура, јавни објекти, манифестации, спортски и културни настани... Доставените, односно пријавените фотографии треба да се во дигитален jpg или друг формат, со висока резолуција и да не бидат постари од 1 година;


Секој кандидат своите фотографии треба да ги достави на ЦД или, да ги  испрати по меил на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра фотографија според оценките на стручната жири комисија и 3 награди според гласањето на официјалниот Фејсбук профил на општина Илинден. Општина Илинден ќе организира изложба за наградените фотографии во домовите на култура во сите населени места.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.