Градежна офанзива за подобра патна инфраструктура во Илинден

Патна инфраструктура во Илинден

Се подобрува патната инфраструктура во општина Илинден преку активности на терен со кои се врши изградба, реконструкција и санација на локалните улици и патишта.

 

Како што информираат од општината комплетно е саниран и асфалтиран дел од улицата „535“, во населба Илинден, во должина од 280 метри, со што се придонесе за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците на оваа фрекфентна сообраќајница која секојдневно ја користат приближно илјада граѓани.


Во локалната економска зона Марино-Кадино, пак, во тек е изградба на новопроектираната улица „2“ во должина од 230 метри. Кон оваа улица гравитираат повеќе стопански објекти. Во моментот се работи на поставување фекална канализација, како и тротоари, по што ќе следува асфалтирање, додаваат од општината.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.