Отворена изложбата „Ретроспектива“ на Блаже Донев во општина Илинден

„Ретроспектива“

Пред поголем број љубители на уметноста во галеријата на Домот на култура „Илинден“, во општина Илинден, беше отворена изложба на дела на уметникот Блаже Донев.


На изложбата насловена „Ретроспектива“, вљубениците во ликовната уметност имаат можност да видат и да уживаат во навистина прекрасните 30-на дела на овој автор.Од почетокот на кариерата во 1993 година Блаже Донев има две самостојни изложби и учество на повеќе групни изложби низ Македонија. Негов стил на создавање е реализмот и надреализмот како правци во сликарството, но исто така тој го претставува македонскиот фолклор и традиција со неговите портрети, иконописи и фрескописи. Тој живее и создава во населбата Илинден, и како што самиот вели, честопати инспирацијата ја црпи токму од убавините на неговото место на живеење.



За значењето на изложбата и творештвото на Донев на присутните им се обрати промоторот на изложбата, академскиот сликар Новица Трајковски.


Од општината велат дека организирањето на веќе традиционалната изложба на која учествуваат само уметници од општина Илинден, без оглед дали професионално или аматерски се занимаваат со уметност, а притоа најдобрите се наградуваат, ја постигнало целта, а тоа е анимирање на сите оние што се занимаваат, но и на оние што сакаат да се занимаваат со уметност, што е истовремено и одлична можност за промоција и пред се афирмација на младите уметници од општина Илинден.


Со реализирањето на изложби на уметниците од општина Илинден се дава голем придонес во промовирањето на современите културни достигнувања на Општината, со што општина Илинден уште еднаш покажува дека еден од нејзините приоритети останува развојот на културата и зачувувањето и негувањето на традицијата и традиционалните вредности, додаваат од општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.