Отворена изложбата на Васе Костовски во Домот за култура во Марино

Во галеријата на Домот на култура Марино отворена е изложба на цртежи и скици на Васе Костовски, уметник аматер од општина Илинден.

 

Изложбата ќе биде отворена до 15 август а љубителите на уметноста имаат можност да видат над 80 цртежи и скици на Костовски кој последните неколку години се занимава со уметност. Преку оваа изложба општина Илинден покажува дека еден од нејзините приоритети останува развојот на културата и зачувувањето и негувањето на традиционалните вредности. Како што информираат од општината при ова особено се внимава да им се даде шанса и да се промовираат и афирмираат сите оние што се занимаваат со уметност.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.