Литературна e-манифестација „Илинден“

Општина Илинден, во насока на промовирање на современите културни достигнувања, ја организира 21. Литературна манифестација „Илинден“.
 
Согласно донесените Одлуки на Владата за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, како и следење на тековите во локалната економија, градоначалникот на Општина Илинден донесе препораки, мерки и решенија.
 

Општина Илинден доби нов скејт парк

Со грант средства од 47,5 илјади евра преку Проектот за подобрување на општинските услуги МСИП, кој Министерството за финансии го спроведува со поддршка на Светска банка, општина Илинден доби нов скејт парк на површина од околу 500 метри квадрати.
 
Во присуство на голем број граѓани, во населеното место Ајватовци, по седми пат се одржа традиционалниот „Саем на домашно вино“, информираат од Општина Илинден.
 

Општина Илинден го усвои Буџетот за 2020 година

Општина Илинден го усвои Буџетот за 2020 година, во вкупна вредност од 395.804.000 денари, или приближно 6,5 милиони евра.
 

Започна изградбата на нова градинка во Миладиновци

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски денеска присуствуваа на почетокот на изградба на нова детска градинака во населеното место Миладиновци.
 
Во Домот на култура „Илинден“ љубителите на фолклорот имаа можност да уживаат во настапот на Културно уметничкото друштво „Дрежник“ од Општина Решетари, Хрватска. Гостите од Хрватска на најдобар можен начин низ песни и игри ги пренесоа традиционалните обичаи од својот крај кои се пренесувани од колено на колено, што му даде посебна убавина на овој настан.
 

Изградба на фекална канализација во Општина Илинден

Во населбата Илинден во Скопје во тек е изградба на канализациски систем на улицата „13“ и дел од улица „19“ во должина од 600 метри. Со изградбатa на овоj канализациски систем во рамки на кој се изградени  три препумпни уреди и инсталирани 14 шахти се овозможува приклучување на приближно 60 домаќинства, соопшти денеска Општина Илинден.
 
Во галеријата на Домот на култура „Илинден“ во присуство на повеќемина љубители на уметноста, отворена е меѓународна изложба на слики што се реализира во рамките на проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите“, информира Општина Илинден.
 

Спортски викенд „Илинден 2019“

Во рамки на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката и патрониот празник на Општина Илинден, денеска и утре ќе се одржи спортски викенд „Илинден 2019“.
 
Како дел од одбележувањето на Денот на Општина Илинден – 2 Август, во Домот на култура „Илинден“ во истоимената општина, беше отворена изложба на слики на Снежана Колевска.
 

Спортски викенд по повод Денот на Општина Илинден

Во рамки на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката и патрониот празник на Општина Илинден, утре и задутре ќе се одржи Спортски викенд „Илинден 2019“. На оваа традиционална спортска манифестација што се реализира по 11-ти пат се очекува да учествуваат над 700 спортисти кои ќе се натпреваруваат во повеќе спортови: велосипедизам, шах, атлетика – трчање, тенис, баскет и голем фудбал.
 
Реализација на капиталниот проект „Рехабилитација на локален пат Кадино-клучка автопат А4“, во должина од 1.600 метри во Општина Илинден е во завршна фаза.  Вредноста на проектот изнесува приближно 30 милиони денари. Проектот се реализира во соработка со Министерството за финансии во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги кој е финансиран со заем од Светска банка.
 
Во домот на култура Илинден од денеска е отворена ликовната изложба насловена ,,Бесконечност,, на Анче Колева и истата ќе биде отворена за посетители една недела, односно до 12 јуни.
 
Во Општина Илинден интензивно се работи на рехабилитација на локалниот пат Кадино-клучка автопат А4", во должина од 1.600 метри.
 
Во рамки на Литературната манифестација ,,Илинден 2019” денеска беше промовирана книгата ,,Мартин Крпан – дипломат и воин” од проф. д-р Милан Јазбец.
 
Во Домот на култура Илинден, во Општина Илинден, се одржа централниот настан од годинешната 20-та Литературна манифестација Илинден 2019 - поетскиот митинг Стихови за душата.
 
Во рамки на јубилејната 20-та Литературна манифестација „Илинден 2019“, во Домот на култура „Илинден“ се одржа чествување за академиците Матеја Матевски и Гане Тодоровски по повод 90-годишнината од нивното раѓање. По тој повод објавени се две изданија посветени на авторите ,,Дождови,, од Матеја Матевски и ,,Биографија,, од Гане Тодоровски.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.