Летно цветно освежување во Карпош

Садење цвекиња во Карпош

Одделението за хортикултурно уредување при општина Карпош, деновиве спроведува еколошка акција за насадување на цветни садници ширум локалната самоуправа.

 

Во план е вработените да засадат околу 60.000 растенија на потегот од двете страни на булеварот Партизански одреди, почнувајќи од улицата Рузвелтова (Карпош 1), до мостот Обединети нации (Влае). Од јужната страна на булеварот, жардиниерите ќе ги красат растенија од типот tagetes erecta, меѓу народот познати како џунџулиња и coleus (копривка). На северната страна од булеварот се засадува бегонија.

 

Природно разубавен е и кружниот тек кај средното училиште „Ѓорѓи Димитров“ со 2.500 цветови од типот Salvia, а исто така, е уреден и плоштадот Делфина со 4.500 флорални насади. На плоштадот во Карпош 3 се засадени 3.000 садници од различни цветни аранжмани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.