Детските игралишта во Карпош цел на вандалите

Детски игралишта во Карпош

Вчера, во доцните вечерни часови, уште едно детско катче во Општина Карпош се најде на удар на вандалите. Имено, од досега непознати сторители, вчера вечер, беше целосно демолирано детското игралиште во урбаната заедница „Влае 1“.

 

Ваквите деструктивни акти, за жал се одвиваат со застрашувачко темпо ширум целата локална самоуправа. Само пред една недела беа уништени скоро сите реквизити и урбана опрема кои Општината ги постави на детското игралиште во УЗ „Злокуќани“. Не беше поштедено ниту детското игралиште во УЗ „Владо Тасевски“ кое се наоѓа во близина на Млечниот ресторан. Неодамна беше отшрафена и детската лулашка, која беше поставена во рамките на новоотворениот парк во УЗ „Пецо Божиновски Кочо“, информираат од општина Карпош.

 

Досега, на мета на несовесните граѓани беа сите 60 детски игралишта, кои Општината ги изгради на својата територија. Локалната самоуправа апелира до своите сожители, да се воздржат од ваквите деструктивни акти, бидејќи се работи за игралишта и реквизити кои го разубавуваат јавниот простор, каде најмладите карпошани заедно со своите родители се дружат и социјализираат. Општина Карпош поднесе пријави до МВР и очекува, набрзо тие да бидат расветлени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.