Поставен нов лифт во Карпош

Нов лифт во Карпош

Денеска, на бул. „Партизански одреди“ бр.111, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски им го предаде во употреба новиот лифт на станарите во овој колективен станбен објект.


На барање на граѓаните на Карпош, и со одлука на Советот на локалната самоуправа, Општината заменува стари со нови, и реконструира дотраени лифтови во колективни станбени објекти на територијата на Општина Карпош, што е случај и со оваа зграда. Првиот човек на Општина Карпош, нагласи дека оваа инвестиција локалната самоуправа ја чинела вкупно 710.000 денари, односно 65 % од вкупната вредност на лифтот. Граѓаните во оваа инвестиција учествуваат со 35 % финансиски надоместок.


Академскиот сликар Таки Павловски, кој е станар во оваа зграда, изгрази големо задоволство и благодарност до општинскиот татко Јакимовски и администрацијата на Општина Карпош, што излегле во пресрет на барањата на жителите, и што токму овој влез за прв пат добива лифт.

 

Васе Самараков, генералниот менаџер на „ХАУСМАЈСТОР ПЛУС“, овластената фирма за управување со станбен и деловен простор, нагласи дека Општина Карпош е прва локална самоуправа, со директна финанскиска инвестиција во замена на стар со нов, или реконструкција на постоечки лифт, и ги повика останатите локални самоуправи, да покренат ваква иницијатива со оглед на големиот број на дотраени, стари или нефункционални стари лифтови кои граѓаните секојдневно ги употребуваат.

 

Елизабета Дамјаноска Спасеновска





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.