Граѓански протест пред општина Карпош поради енормното загадување на воздухот

Протест пред општина Карпош

Пред оштина Карпош синоќа се одржа симболичен граѓански протест со цел да се сврти вниманието на загадувањето на атмосферскиот воздух што веќе подолго време во општината достигнува алармантни размери.

 

- Го направивме тоа што секој цивилизиран граѓанин на една урбана општина како што е Карпош треба да го направи - се обративме до сите институции и особено апелиравме за поголема ангажираност на општината Карпош и градоначалникот. Сепак, оттаму само добиваме автоматизирани сувопарни одговори и безмалку никаква реакција на терен, изјави Анте Поповски од граѓанскиот протест.

 

Тој рече дека жителите на таа општина самоиницијативно излегуваат на терен во зони на ризик и идентификуваат кој загадува. Деталите ги пријавуваат во општината и инспекциите, но оттаму нема одговор.

 

- Покрај тоа што Општината дозволи да се изградат бројни нови станбени објекти (поголемиот број висококатници) и ги затвори каналите за природен проток на воздух деновиве сме сведоци дека експанзијата е насочена и кон кејот на Вардар долж булевар Илинденска. Дополнително, Општината при таква енормна градежна експанзија успева да ги потроши и парите кои граѓаните ги издвојуваат за даноци секоја година, па дополнително и се задолжува. Ние како жители не само што немаме подобрени услови за живот, наспроти тоа истите се екстремно влошени, нагласуваат тие.

 

Од иницијативата доставија на увид графички приказ на нивото на загадување регистрирано во изминатите седум дена и побараа поддршка во борбата за чист воздух. Тие најавија и мирни протести и поголема ангажираност на терен се до решаавње на проблемот со загадувањето на таа скопска општина.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.