Реконструкција на улици во Бардовци

Реконструкција на улици

Деветнаесет улици, со вкупна должина од 1.800 метри, ќе бидат асфалтирани и поплопчени со бекатон плочки до крајот на градежната сезона. Станува збор за улиците 10, 12, 14, 16, 18 и 19, а изведувач на оваа инвестиција е фирмата „ Агроселце“. Оваа инвестиција е со вкупна вредност од 8.100.000 денари информираше денеска градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски.

 

Градоначалникот Јакимовски, прецизираше дека во изминатите четири години се изградени над педесет фасади, заменети голем број на покриви и лифтови, изградени детски паркови, плоштади, заменета и поставена над осумдесет километарска фекална и атмосферска канализација, целосно реконструирани детските градинки и основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.