Десетдневен одмор за основци од Карпош во Струга

Oдмор за основци во Струга

Ученици од шесто, седмо и осмо одделение од сите основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош, денеска по втор пат заминаа на десет дневен одмор во Струга. Станува збор за 45 основци, чии семејства се наоѓаат во потешка материјална состојба.

 

Учениците ќе престојуваат во одморалиштето Солферино, со вклучен појадок, ручек и вечера. Пет наставници по физичко образование ќе се грижат за основците во текот на летниот одмор. Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски на карпошовите основци им посака пријатен престој и убав летен одмор.

 

Одморот ќе трае од 9 -19 август, и претставува одлична можност за релаксација и „полнење на батериите“ на основците пред почетокот на новата учебна година во септемри.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.