Се асфалтира улица во Бардовци

Бардовци

Денеска, во населбата Бардовци, се асфалтираше нова делница од улицата 6, продолжение на веќе изградената голема сообраќајница.


Станува збор за асфалтирање на 220 метри земјен пат со што улицата ќе се спои со веќе асфалтираниот пат. Изведувач на градежните работи е Јавното претпријатие „ Улици и патишта“, а оваа инвестиција Општината ја чини околу 3 милиони денари.


Проектите од инфраструктурен карактер, како што е посочено во соопштението од општина Карпош во континуитет ќе се реализираат во наредниот период, со цел овозможување на жителите на Бардовци да ги имаат сите урбани услови за живеење и домување како и останатите граѓани на Карпош кои живеат во урбаните средини на локалната самоуправа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.